Шар Планина се наоѓа во крајниот северозападен дел на Република Македонија и претставува една од највисоките планини, а според површина и една од најголемите планини на Балканот.
Геолошки состав:
Според геолошкиот состав (како и според општите географски карактеристики) Шар Планина може да се подели на три целини кои не се униформни:
Краен североисточен сегмент (од долината на реката Бистрица до врвот Љуботен).
Централен сегмент (од долината на Маздрача, преку долината на Пена се до долината на реката Бистрица).
Краен јужен сегмент (од долината на реката Маздрача на север, до Ничпурска Планина и Кожа на југ).